Трамп ја обвини Канада за пожарите, научниците велат дека вистинската причина се климатските промени

Макфакс

06/08/2026

07:44

137

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада за лошо управување со шумите и причината за големите пожари, додека научниците посочуваат дека вистинската причина лежи во климатските промени кои предизвикуваат поинтензивни и почести шумски пожари.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада за лошо управување со шумите и најави можни мерки поради чадот од големите шумски пожари што се прошири и во делови од САД.

„Да управуваа правилно со шумите, немаше да има толку големи пожари“, изјави Трамп, додавајќи дека наскоро ќе ја соопшти својата одлука за евентуални санкции кон Канада.

Но, научниците не се согласуваат со неговата оценка. Тие посочуваат дека сè почестите и поинтензивни пожари се последица на климатските промени, кои носат екстремни горештини, суша и силни ветрови.

Студија на меѓународната група World Weather Attribution покажува дека климатските промени значително ја зголемиле веројатноста за вакви екстремни пожари. Според климатолозите, дополнителен проблем е што голем дел од канадските шуми се наоѓаат во оддалечени области, каде пожарите тешко можат да се локализираат навреме.