Антонио Бандерас проговори за срцевиот удар: „Тоа е најдоброто нешто што ми се случи, научив лекција“

Точка

06/08/2026

07:25

513

Големина на фонт

а а а

Антонио Бандерас вели дека срцевиот удар што го претрпел во 2017 година целосно му го променил погледот кон животот и дека токму ова искуство било „најдоброто нешто што му се случило“ бидејќи го научило да го цени секој момент.

Пред речиси десет години, Бандерас бил во својот дом во Сари, Англија, кога почувствувал болки во градите. Неговата долгогодишна партнерка, Никол Кимпел, брзо му дала лек пред да пристигне брзата помош која го однела во болница, каде што бил итно опериран. За време на операцијата, лекарите му вградиле три стентови во артериите.

Срцевиот удар што го претрпел во 2017 година го натерал Бандерас да направи големи промени во својот живот – од откажување од пушење до враќање во родната Малага, Шпанија.


„Секогаш некаде во мислите знаеш дека еден ден ќе умреш. Но, кога си толку блиску до тоа, добиваш неверојатно јасен потсетник колку е глупаво да губиш време на работи што не заслужуваат место во твојот живот“, истакна познатиот актер за „Пипл“.

„Мојот срцев удар беше најдоброто нешто што ми се случило. Како некој да ми ставил очила за конечно да можам да видам реалност што претходно не ја забележував“, рече Бандерас.


Меѓу работите што денес имаат посебно место во неговиот живот е неговиот омилен театар, Театро дел Сохо КаиксаБанк во Малага, каде што продуцира претстави и мјузикли. Тој, исто така, инвестирал во неколку познати ресторани во градот.

„Вистина е дека храната и гастрономијата се дел од културата“, истакна тој.


Инаку Бандерас имаше можност да ја спои оваа љубов со глумата во новиот биографски филм „Тони“, во кој го толкува готвачот кој имал големо влијание врз младиот Ентони Бурден, кој го игра Доминик Сеса.