„Lamborghini“ продаде помалку автомобили, но оствари рекордна заработка

Точка

05/08/2026

18:21

290

Големина на фонт

а а а

„Lamborghini“ ги зголеми приходите и покрај падот на продажбата во првата половина од 2026 година.

„Lamborghini“ во првите шест месеци од 2026 година испорача 5.422 автомобили, што е за 4,6 проценти помалку во споредба со истиот период минатата година.

Падот на продажбата е последица на повисоките американски царини, послабата побарувачка во Кина, конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста на европскиот пазар.


Иако новиот „Temerario“ пристигна кај првите купувачи на почетокот на годината, компанијата не објави колку примероци се продадени, ниту колку се испорачани. Се очекува наследникот на моделот „Huracan“ да го продолжи успехот на своите претходници.

Втората половина од годината ќе ја одбележи почетокот на продажбата на новиот „Urus SE Performante“, кој користи „plug-in“ хибриден погон со 4,0-литарски „V8 biturbo“ мотор и електромотор. Вкупната моќност изнесува 812 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,3 секунди, додека максималната брзина достигнува 312 km/h.


И покрај помалиот број испорачани автомобили, „Lamborghini“ оствари приходи од 1,74 милијарди евра, што е за 7,4 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Оперативната добивка изнесуваше 395 милиони евра.


Финансискиот директор на компанијата Паоло Пома истакна дека резултатите се постигнати и покрај предизвикувачките глобални економски услови. Тој нагласи дека повисоките американски царини и неповолните девизни курсеви негативно влијаеле врз работењето, но не ја нарушиле позицијата на брендот во луксузниот сегмент.