Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски, истакнувајќи ја важноста на македонското знаме да продолжи гордо да се вее на светскиот спортски подиум.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски.
„Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам.
Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум светот. Напред кон нови успеси, Иџе!“






