[ВИДЕО] Салма Хајек со нејзината 18-годишна ќерка: Ретко ја покажува, a пораснала во вистинска убавица

Кармин

05/08/2026

08:46

893

Големина на фонт

а а а

Актерката Салма Хајек и нејзината 18-годишна ќерка Валентина Палома Пино се појавија заедно во новата епизода од серијалот „Carversations“, објавена на 4 август, a кој има за цел да ги поттикне односите родител-дете.

Во епизодата Салма истакна дека Валентина е нејзината најголема инспирација.

„Сакам да откривам нови работи преку тебе. Дури и кога беше помлада, алгоритмот на Инстаграм ти нудеше содржина соодветна за твојата возраст, што ти помогна да го изградиш својот стил и вкус, бидејќи си многу уметнички настроена. Беше прекрасно да те гледам како растеш, се менуваш, истражуваш и повторно се пронаоѓаш себеси низ годините“, ја отвори душата актерката во споменатата епизода.

Бидејќи таа го пофали и чувството за детали на нејзината ќерка, во оваа епизода побара нејзино мислење за едно парче облека, а Валентина беше одлучна и јасна – „Не, мамо“.


Ова не е нивно прво заедничко појавување, но ретки се приликите кога ја гледаме Салма со нејзината ќерка, која ја доби во 2007 година со сопругот Франсоа Анри Пино.


Тие привлекоа големо внимание во 2023 година, кога двете носеа црвени фустани на Оскарите.


Потоа беа заедно на традиционалната забава по доделувањето на Оскарите на „Венити фер“, а последен пат се појавија заедно на забавата „Серпентин самер“ во Лондон овој јуни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk