Се превртел четирицикл кај Ресен, тешко повредени возачот и 9-годишно дете

Макфакс

03/08/2026

16:00

192

Големина на фонт

а а а

Несреќа кај Ресен во која четирицикл се превртел, при што возачот и 9-годишно дете се здобиле со тешки телесни повреди. На лице место извршил увид тим од полицијата.

Две лица, меѓу кои и 9-годишно дете, се здобиле со тешки телесни повреди при превртување на четирицикл во атарот на ресенското село Јанковец.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 18:30 часот од доктор од Здравствениот дом во Ресен.

Четирициклот „Линхаи“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Т. (46) од село Јанковец, изгубил контрола и се превртел на местото викано „Планинче“.

При несреќата, тешки телесни повреди им биле констатирани на возачот и на 9-годишен малолетник од село Базерник, Демир Хисар, кој бил сопатник. Телесни повреди добил и Д.К. (28) од село Јанковец.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Ресен.