Земјотрес синоќа почувствуван во Скопје

Макфакс

03/08/2026

08:50

1.264

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени беше почувствуван во Скопје и околината синоќа, при што граѓаните се повикани да ги пријават своите чувства преку онлајн прашалник за сеизмолошки истражувања.

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала синоќа во 21:54 часот е регистриран во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот, кој е достапен на нивната веб-страница, со цел прибирање податоци за сеизмолошките истражувања.