Полицијата активно трага по 73-годишна жена од Република Словенија која влегла во Македонија преку граничниот премин Табановце, по што и’ се изгубила секаква трага и не е достапна на телефон.
Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека е недостапна откако влегла во државата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во државата преку граничниот премин Табановце, по што не била достапна на телефонските повици.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.






