[ВИДЕО] Ангелов: Има бактерија во водата во Гостивар, предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите

Макфакс

03/08/2026

17:15

440

Големина на фонт

а а а

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење поради присуство на опасна бактерија Pseudomonas aeruginosa. Се очекува целосна стабилизација на состојбата следната недела, со апел до граѓаните да не ја користат водата додека не се реши проблемот.

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и готвење, иако состојбата постепено се подобрува, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој апелира граѓаните да продолжат да се воздржуваат од користење на водата за пиење и подготовка на храна, додавајќи дека се очекува состојбата целосно да биде ставена под контрола во текот на наредната недела.

Водата во Гостивар сè уште не е за пиење. Состојбата се подобрува, но во водата и натаму се присутни бактерии. Апелирам граѓаните да не ја користат за пиење и готвење. Очекуваме наредната недела состојбата целосно да биде ставена под контрола“, рече Ангелов.

Појасни во водата е утврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, поради што таа е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање, особено за лица со ослабен имунитет.

Како што посочи, оваа бактерија може да предизвика инфекции на кожата, очите и ушите, а кај чувствителни лица и инфекции на уринарниот тракт и белите дробови. Ангелов додаде дека бактеријата е позната и по високата отпорност на голем број вообичаени антибиотици.