[ВИДЕО/ФОТО] Дуа Липа во 4:30 наутро јадеше плескавица во Косово: „По ѓаволите со тостот со авокадо“

Макфакс

03/08/2026

14:05

1.518

Големина на фонт

а а а

Во вирално видео се гледа како Дуа Липа во раните утрински часови во Приштина јаде плескавица и појадува на балкански стил, откако излегла ноќта. Таа е во Косово поради фестивалот Sunny Hill што го организира со својот татко.

Видео од Дуа Липа како во 4:30 часот наутро јаде плескавица во Приштина стана вирално на социјалните мрежи.

По ноќно излегување, британската пејачка со албанско потекло, во друштво на сестра ѝ Рина, се почести со плескавица и се пошегува:

По ѓаволите со тостот од авокадо.“


Потоа покажа на мобилниот телефон дека е 4:30 часот и додаде: „Време е за појадок. Балкански стил.“

Дуа Липа престојува во Косово поради фестивалот Sunny Hill, кој го организира заедно со својот татко преку фондацијата Sunny Hill Foundation.