Малдини со емотивна порака со збогуваше со Барези: Што ќе правиме без нашиот капитен? Ме научи…

Дерби

31/07/2026

11:58

132

Големина на фонт

а а а

Паоло Малдини изминатиов период беше актуелен со драмата и краткиот ангажман што го имаше во италијанската федерација, но тоа е веќе минато, а денеска на „чизмата“ е ден на фудбалска жалост и причината за тоа е смртта на легендарниот Франко Барези.

Големиот борец, иконата на Милан почина во 66 година од неговиот живот и тоа откако не успеа да ја добие битката со болеста која му задаваше проблеми во претходниов период.

Барези остави огромна трага во клупскиот и репрезентативниот фудбал, човек кој беше пример, идол за многу генерации и воопшто не е случајна емотивната порака на Малдини кој ја делеше соблекувалната и теренот со стоперот кој важи за најголемите во историјата на фудбалот.

- Здраво Франко

- Денес се чувствувам исто како што се чувствував секогаш кога, од која било причина, не можеше да излезеш на теренот заедно со нас: како ќе продолжиме без нашиот капитен? Ме научи да се борам до последниот здив, што навистина значи да се носи овој дрес со гордост и вредноста на тоа да се биде вистински лидер. Го направи тоа давајќи пример секој ден: малку зборови, но безброј дела.

- Ме заштитуваше кога бев дете, ме водеше како млад човек и ме инспирираше како возрасен. Ти беше најголемиот фудбалер со кого имав чест да играм. Срдечна прегратка до целото ваше семејство, особено до вашата сопруга, Маура, и вашите синови, Едоардо и Џанандреа. Ќе ни недостигаш, капитане. Но, светлината на твојата ѕвезда ќе продолжи да нè води засекогаш, - порача Паоло на социјалните мрежи.