МЗТ Скопје се засили со Американец на кого најдобрата партија му била против Жалгирис

Дерби

31/07/2026

11:56

113

Големина на фонт

а а а

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје обезбеди уште едно странско засилување за натпреварувачката 2026/2027, засилување кое доаѓа од Соединетите Американски Држави и неговото име е Лесли Ворнер.

Се работи за искусен крилен кошаркар кој минатата сезона ја започнал во Грција во Короивос, а ја заврши во Јонава од Литванија каде ја имал најдобрата партија против Жалгирис, 20 поени за 19 минути со само едно промашување од игра (4/5 за еден, 8/8 за два, 0/1 за три).

Неговиот просек во Јонава бил 8 поени, 2,8 скока и 0,9 асистенции по натпревар.

Во кариерата има настапувано и во Австрија, Чешка, Обединетото Кралство и САД каде бил дел од Универзитетот Рио Гранде.

Пред него пристигнаа Ноа Фарахан и босанскиот центар Емир Крајиниќ. Договори со клубот имаат и Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, како и повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски, додека тренер на екипата останува Васко Атанасов.