Англиските клубови пред се оние од Премиер лигата веќе некое време доминираат на пазарот и тоа поради нивната финансиски моќ, супер суми на пари кои можат да си ги дозволат не само оние најголемите туку и сите останати тимови.
Во нова акција имаме два клуба и тоа Борнмут и Брентфорд, првите договорија португалски репрезентативец и досегашен капитен а Бенфика, вторите пак ќе платат 41 милиони фунти за играч на средината на теренот, играч кој треба да биде замена за ветеранот Џордан Хендерсон.
Имено нов член на „црешите“ ќе биде 22-годишниот Антонио Силва за кого ќе бидат платени 25+5 милиони евра. Ова за стоперот ќе биде прво искуство надвор од Португалија и тоа на најголемата сцена во Премиер лигата.
Брентфорд пак ќе постави нов клупски рекорд за Мамаду Сангаре од Ленс, поточно за него ќе издвои 41 милиони фунти. Се работи за интернационалец од Мали кој лани пристигна во францускиот клуб од Рапид Виена, а сега прави огромен трансфер.







