[ФОТО] „Очајната домаќинка“ секси и во шестата деценија: Нема потреба да го крие совршено извајаното тело во бикини

Точка

31/07/2026

07:30

948

Големина на фонт

а а а

Ева Лонгорија, иако неодамна го прослави својот 51-ви роденден, не престанува да изненадува со изданија на плажа, во нејзината омилена Марбеља.

Познатата актерка Ева Лонгорија (51) самоуверено ја покажа својата затегната фигура во тесен костим за капење додека уживаше во одморот во Шпанија, а познато е дека ова е нејзината омилена дестинација за одмор, особено кога е во друштво на својот сопруг, покрај кого секогаш блеска.

Ева, која неодамна беше видена јавно на гламурозна гала вечера со сопругот Хозе Бастон, се разладила за време на денот поминат на плажа во Марбеља во вторникот. Во таа прилика, таа повторно ги почести сите со провокативно издание на почетокот од својата шеста деценија.

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ привлече внимание во бикини со животински принт и не изгледаше како да обрнува премногу внимание на папараците.

„Каква убавина“, „Нереална си“, „Ова се совршени облини“, „Џебна Венера“, „Тело на божица“ се само дел од коментарите на Твитер каде биле објавени фотографиите на Ева.

Ева Лонгорија со децении е симбол на убавина, елеганција, но и провокација со допир на стил, па затоа не е изненадување што секогаш уживаме во нејзините изданија, без разлика дали е на плажа или на црвениот тепих.