Топол бран во наредните денови, УХМР со предупредување за температури над 40 степени

Макфакс

30/07/2026

14:00

181

Големина на фонт

а а а

Во наредните денови ќе имаме топол бран со температури што ќе надминат 40 степени, предупредува УХМР. Времето ќе биде сончево и многу топло, со високи температури и во ноќните часови.

Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени.

Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.