Мери Дика Георгиевска ги започна обврските во Уставниот суд

Макфакс

30/07/2026

14:30

211

Големина на фонт

а а а

Судијата Мери Дика Георгиевска го започна мандатот во Уставниот суд, со воведен состанок и подготовка за новите задачи и предмети на кои ќе постапува.

Судијата Мери Дика Георгиевска денеска ги започна своите работни обврски во Уставниот суд.

Во рамки на првиот работен ден, судијката Георгиевска оствари работен состанок со претседателот Дарко Костадиновски кој ја запозна со внатрешната организација и начинот на функционирање на Уставниот суд, како и со судиите и вработените во стручната служба.

На судијата Георгиевска ѝ се доделени работни материјали за претстојните активности на Судот.

Во наредниот период ќе ѝ бидат распределени предмети по кои ќе постапува како судија-известител, соопштија од таму.

Мандатот на судијата Мери Дика Георгиевска во Уставниот суд трае девет години.