Дванаесетгодишно момче од Србија било спасено од морето во близина на Ханиоти, Грција, откако било пронајдено во несвест и успешно реанимирано од спасувачи, пренесено и хоспитализирано за понатамошно лекување.
Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано.
Како што објави, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето.
Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар во Касандрa, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба a понатаму било испратено на понатамошно лекување во болницата во Солун.
Болницата во Солун соопшти дека здравствената состојба на момчето е добра и дека се лекува во детска болница.







