Идентитетот на еден град не го градат само неговите големи зданија и познати датуми. Го градат и деталите што неговите жители ги препознаваат без некој да мора да им ги објасни.
Фасадите по кои знаеме дека сме на Широк Сокак. Старите прозорци зад кои минувале генерации. Клавирот во битолскиот дом. Камерата на Манаки. Кафето што трае подолго од планираното, затоа што разговорот секогаш има уште каде да продолжи.
Токму тие симболи беа главната нишка при создавањето на Галерија Божиновски во срцето на Битола.

Новиот простор беше отворен по повод 30 години Божиновски, токму во градот каде што пред три децении започна да се создава приказната на брендот и каде што таа продолжува да живее и денес.Во куќа која била изградена во центарот на градот пред точно 100 години.
Галеријата не претставува враќање во Битола, бидејќи Божиновски никогаш не заминал од неа. Таа е чин на благодарност кон градот што го обликувал брендот и обид таа благодарност да се претвори во простор.

Простор што не ја користи Битола само како адреса или сценографија, туку ја внесува во својата архитектура, атмосфера и секој внимателно избран детаљ.
Автор на архитектонскиот проект е архитектонското студио „Платформа“, кое создаде современ ентериер што не го брише она што постоело пред него, туку го продолжува неговиот дух.
Дабовата дограма го задржува препознатливиот карактер на Широк Сокак. Над влезот, паунот на битолската уметница Љубица Мешкова-Солак стои како симбол на достоинството, убавината и храброста да се биде свој.
На таванот, облаците изработени во техника гваш потсетуваат дека времето постојано се движи, додека старата разгледница од Битола сведочи дека тоа не се чува само во часовниците. Се чува и во улиците, фасадите и спомените што остануваат во нив.

Дабовиот паркет во шевронска форма го поврзува ритамот на историските европски ентериери со геометриските мотиви на македонските везови и килими. Ногарките на витрините се инспирирани од старите клавири во битолските градски домови, а барот го продолжува најбитолскиот ритуал од сите: кафето, разговорот и времето што барем за момент може да забави.
Посебен дел од приказната се звучниците во форма на камери, изработени специјално за просторот од „Теохаров студио“. Нивната форма му оддава почит на наследството на браќата Манаки и на камерата преку која Битола стана дел од историјата на филмот.
Во срцето на галеријата се наоѓа и сервисот за часовници. Место што ја продолжува истата идеја врз која е создаден целиот простор: вистинската вредност не е само во новото, туку и во она што одлучуваме да го зачуваме.

Ден во кој науката стана доживување
На отворањето, архитектурата и симболите на галеријата добија уште една, неочекувана димензија.
Јана Клопчевска и тимот на Les.scientists подготвија уникатно сензорно изненадување за тимот на Božinovski Watches & Jewelry и гостите на настанот.

Коктелите оживеаја со молекуларен кавијар, ефекти од сув лед и иновативни техники што секоја чаша ја претворија во мало научно ремек-дело. Спојот на науката, креативноста и елеганцијата создаде моменти во кои изненадувањето стана дел од целокупното луксузно доживување.
И токму тоа беше духот на вечерта: познатите симболи на Битола да се доживеат на нов начин, а традицијата и современоста да не стојат една спроти друга, туку да создадат нешто заедно.

Триесет години, споделени со посетителите
Како дел од одбележувањето на јубилејот, првите 30 купувачи во Галерија Божиновски добија 30% попуст.
Во текот на следниот месец, сите посетители ќе можат да искористат 20% попуст, како дополнителна покана да влезат, да го почувствуваат просторот и да ја откријат приказната зад неговите симболи.

Затоа што Галерија Божиновски не е создадена само за да се погледне.
Создадена е за да се доживее.
Како благодарност кон Битола.
Како одбележување на првите 30 години.
И како простор во кој приказната продолжува.
Преку приказните за симболите на Галерија Божиновски Ве покануваме во нашиот свет (влезете на линкот).




















Комерцијален текст















