Ретки моменти од приватната архива: Роузи Хантингтон-Вајтли објави семејни фотографии по повод роденденот на Џејсон Стејтам

Кармин

29/07/2026

21:42

449

Големина на фонт

а а а

Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли објави ретки семејни фотографии со својот свршеник Џејсон Стејтам и нивните две деца, по повод 59. роденден на холивудскиот актер.

На фотографиите, објавени на нејзиниот профил на Инстаграм, се гледа како семејството ужива на јахта за време на летниот одмор. Освен Стејтам и Хантингтон-Вајтли, на нив се и нивните деца – деветгодишниот Џек Оскар и четиригодишната Изабела Џејмс, кои парот ретко ги покажува во јавноста.

„Среќен роденден на нашиот омилен човек. Нашиот број еден. Акциониот херој кој прави сè. Секогаш е тука за нас. Нѐ смее, нѐ чува и секој ден нѐ инспирира. Те сакаме со сето срце. Засекогаш“, напиша манекенката во описот на објавата.

На фотографиите Стејтам, облечен во розова маица и шорцеви, ги прегрнува своите деца додека се релаксира на јахтата, а има и романтични кадри со Роузи, која носи бел мини фустан од свила.


Во еден од кадрите, ѕвездата од филмот „Непотрошливите“ (The Expendables) вози џет-ски, додека други фотографии ја прикажуваат целата фамилија како ужива во сончевите денови на море.

Неколку дена претходно, и самиот Статам на Инстаграм сподели фотографии од одморот, под кои кратко напиша: „Семејство“.

Меѓу објавените фотографии има кадар на кој актерот плива под вода со синот Џек, како и фотографии од Џек како скока од јахтата и малата Изабела која одмора покрај својот татко.

Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам се заедно од 2009 година, а се свршија во 2016 година. Иако се едни од најпознатите холивудски парови, тие речиси никогаш не ги изложуваат своите деца на јавноста.


Во интервју за „Телеграф“ минатата година, манекенката откри дека уште од самиот почеток донеле заедничка одлука нивните деца да растат што е можно подалеку од камерите.

„Сакавме нашите деца да имаат нормално детство. Донесовме правило дека нема да чекорат со нас по црвениот тепих“, изјави Хантингтон-Вајтли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk