Кукурелја го исполни ветувањето и го тетовираше ликот на селекторот Де ла Фуенте

Дерби

29/07/2026

11:58

311

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја беше еден од креаторите на големиот успех на Шпанија на СП 2026, а реши да го испочитува и своето ветување дадено пред финалето против Аргентина.

Левиот бек беше еден од неколкуте шпански репрезентативци кои најавија дека ќе го истетовираат ликот на селекторот Луис де ла Фуенте на своето тело, доколку Шпанија стигне до мундијалската титула, а засега е единствен кој го исполни ветувањето.

Денеска, новиот играч на Реал Мадрид преку социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа како познат тату мајстор го додава ликот на Де ла Фуенте меѓу тетоважите на фудбалската ѕвезда.

Од видеото јасно се гледа дека и позицијата, односно левата надлактица на фудбалерот, на која во иднина ќе се наоѓа ликот на селекторот како потсетување на големиот успех на Шпанците во 2026 година.