[ФОТО/ВИДЕО] Северина објави жежок кадар од новата песна и откри кога ќе биде објавена, коментарите не стивнуваат: „Одлична е... веќе се загрижив дали носи гаќички“

Точка

28/07/2026

15:52

773

Големина на фонт

а а а

Хрватската пејачка Северина пред неколку дена ги израдува своите обожаватели со најавата дека наскоро ќе објави три нови песни.

Популарната пејачка веста ја сподели на социјалните мрежи, притоа шегувајќи се дека новите песни се наменети „за нас, диносаурусите, и за нашите потомци“.

Воедно ги откри и нивните наслови. Првата песна е „Nisam kriva ja“, со поднаслов “Bezosjećajna”. По неа следува “Pozovi me ti”, опишана како „Anksiozna“, додека третиот сингл ќе се вика “Svirajte mi ‘Rađaj sinove'” со опис „Savršena”.

„А дотогаш, за нас диносаурусите, во продолжение неколку песни од нашето време, отсвирени и отпеани синоќа со најдобриот мешан хор од Примоштен“, порача пејачката.


Во вторникот повторно ги изненади сите со најавата за нов спот. „Ni za živu glavu nemoj da pomisliš da ona prava sam…“, „Nisam kriva ja“ („Bezosjećajna“) | 31.07.2026“, напиша таа на Фејсбук и Инстаграм. Сепак, фотографиите што ги објави предизвикаа бројни реакции поради тоа што на нив „открива“.

„Фантастична“, „Убаво деколте“, „Без конкуренција!“, „Секоја чест за стајлингот и изгледот. Засекогаш ќе бидеш топ“, „Ма оваа жена може сè“, „Ваауууу, нереално божествена“, „Премногу згодна и прекрасна наша Севе“, „Одлична е… а јас веќе се загрижив дека носи гаќички“, се дел од коментарите на воодушевените луѓе.


Спот поради кој денес се „фаќа за глава“

Северина, инаку, на музичката сцена е веќе повеќе од три децении, а зад неа во толку долгата кариера се бројни хитови, модни пресврти, сценски настапи и спотови кои ја обележаа домашната естрада. Но, како и многу изведувачи кои долго време се присутни во јавноста, и таа денес на некои свои поранешни одлуки гледа со одредена дистанца, па дури и со доза непријатност.

Во едно интервју за „IN Magazin“, пејачката откри дека постои еден спот поради кој, како што признава, денес буквално се фаќа за глава. Станува збор за спотот за песната „Gas, gas“, кој особено ѝ останал во сеќавање бидејќи, сосема случајно, го гледала во многу чувствителен животен момент.

„Се сеќавам кога бев во породилиште, баш бев пред породување. Одлично е сплитското породилиште, секој кревет има своја телевизија… Тогаш гледав спотови, се видов себеси, пеам ‘Gas, gas’, мислам дека тоа е на граница со лудило“, открила Северина.

„Потоа се гледав и си мислев: ‘Боже, што ти било? Што ти било?’ Јас таму клечам на бетон, а овде сум целосно неподвижна, во бремена состојба. Мислам дека сите ние кои работиме многу, многу и грешиме, но правиме и добри работи“, признала Северина.

Нејзиното признание ја покажува и другата страна на долгогодишната кариера.