Атрактивната актерка објави видео во кое пука со пушка, па ги разгневи следбениците: „Престанувам да те следам“

Точка

27/07/2026

21:00

623

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини, позната по улогата во серијата „Еуфорија“, на Инстаграм објави низа фотографии од патувањето во Нов Зеланд со својот партнер Скутер Браун.

На фотографиите и видеата парот може да се види во различни активности – од летање со хеликоптер и возење со брод, до банџи-скокови и пукање со огнено оружје. Токму последната активност предизвика поделени реакции.


Под објавата се појавија и негативни коментари

Додека фотографиите од пејзажите и адреналинските активности добија бројни позитивни реакции, дел од следбениците го критикуваа видеото на кое актерката пука со пушка. Според нив, тоа е непримерно, а некои претпоставија дека станува збор за лов.

„Супер сте, но дали штотуку застрелавте птица?“, праша еден корисник. Друг кратко порача: „Престанувам да те следам“.


Еден следбеник иронично го сумирал целото патување: „Во ред, значи резиме од патувањето: лет со хеликоптер, голф на снег (како ги собравте топчињата?), огнено оружје (во име на животните – благодарам), возење баги и пловење со чамец по река“.


Не е првпат да ракува со оружје

Инаку ова не е првпат Свини да се најде на удар на критики поради оружје. Минатата година на социјалните мрежи се прошири видео на кое вежба на стрелиште, по што јавно ја пофали американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговото движење МАГА.


Снимката повторно привлече внимание откако Трамп ја пофали нејзината реклама за фармерки на брендот Американ Игл, која ја нарече „анти-воук“. Странските медиуми тогаш објавија и дека актерката е регистрирана како гласач на Републиканската партија.