Јан Диоманде е на добар пат да стане петто летно засилување на Реал Мадрид, опција која изгледа најреална откако ПСЖ и дефинитивно се откажа од трката за офанзивниот фудбалер.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во изминатите два месеци кокетираше со ПСЖ и му се додворуваше на европскиот шампион, но поради високите барања од самиот играч и неговите посредници, францускиот шампион одлучи да не учествува во наддавањето во кое се приклучи и Реал Мадрид.
ПСЖ се откажа од Диоманде и му остави „отворен автопат“ на Реал да комплетира големо засилување, но јасно е дека незадоволството во Париз е огромно од начинот на кој се изменаџира цела операција од претставниците на фудбалерот, но и од активностите на Реал Мадрид.
„Светците“ реагираа бурно во официјалното соопштение кое го доставија во јавноста, а во тој тој продолжуваат и во ставот кој е пренесен за „Лекип“.
– Нема да ги испразниме нашите каси само поради тоа што еден клуб дојде со огномети и огнени оружја. Овој потег покажува каде е Реал Мадрид во овој момент.
– Исто така, Ред Бул Лајпциг бараше голема сума на пари за играч кој има потенцијал, но кој не треба да се заборави дека беше дел од второлигаш пред само една година, – велат од ПСЖ.







