[ВИДЕО] Во пештера во Херцеговина се откриени 37 животински видови кои претходно не биле видени никаде во светот

Точка

27/07/2026

21:37

592

Големина на фонт

а а а

На само 42 километри од Требиње, во општината Равно во Босна и Херцеговина, се наоѓа пештерата Вјетреница, светски рекордер по бројот на подземни животински видови. Во неа живеат близу 230 видови, а 37 од нив науката првпат ги опишала токму таму, бидејќи не се пронајдени никаде на друго место, пишува „Н1 Сараево“.

Пештерата Вјетерница се наоѓа на 300 метри од селото Завала, во општина Равно, на западниот раб на Попово Поле. До неа е поблиску Дубровник отколку Мостар. Она по што е позната во светот нема никаква врска со нејзината големина.

Рекорд што малкумина го знаат

Во Вјетреница се регистрирани близу 230 животински видови. Од нив, повеќе од 90 се таканаречени троглобионти, животни кои се прилагодиле на подземјето до тој степен што не можат да преживеат надвор од него.

Најважниот податок е, меѓутоа, вториот: дури 37 видови науката првпат ги опишала токму од оваа пештера, бидејќи не се пронајдени никаде на друго место.

Според ова богатство на подземен живот, Вјетреница е прва во светот, пред сите познати пештери.

Живи фосили во темнина

Меѓу жителите е и човечката риба, блед водоземец без очи кој може да помине без храна со месеци, чуваќи ја енергијата така што речиси неподвижно чека плен. Таму живее и единствениот познат подземен цевчест црв во светот.

Дел од видовите се таканаречените реликти, остатоци од дамнешните периоди, чии најблиски роднини изумреле пред многу милиони години, па затоа можат да се сметаат за живи фосили.

За науката тоа значи дека пештерата е своевидно засолниште во кое е зачувано она што исчезнало надвор.

Во Вјетреница се забележани речиси 230 видови, повеќе од 90 од нив живеат исклучиво под земјата, а 37 се опишани за првпат токму таму. Каналите се долги околу седум километри, а температурата е околу 11 степени во текот на целата година.


Ветар што не е ветар

Името го добила по силното струење на воздухот на влезот, кое посетителите ги пречекува дури и во лето.

Не станува збор за ветерот, туку за физиката. Внатре температурата е константна, околу 11 степени, а надвор се менува, па воздухот струи обидувајќи се да ја изедначи разликата.

Каналите се долги околу седум километри, а во нив има над сто мали езера.

Пештерата е заштитен споменик на природата уште од 1950-тите години.

Запишана пред речиси две илјади години

Вјетреницата има и пишано минато што е двојно подолго од очекуваното.

Првпат се спомнува во 77 година од новата ера, кај Плиниј Постариот, како позната безимена пештера од која силно дува подземен ветер.

Внатре се пронајдени цртежи стари околу 10.000 години, коски од пештерска мечка, па дури и скелет од леопард, за кој се анведува дека е единственото такво откритие во Европа.

На влезот има и два средновековни надгробни споменици во форма на големи камења, со мотиви на лов на елени и турнир на витези, а во едната сала има камена маса со осум камени столчиња, за кои не е познато кој ја направил ниту кога.

Сето ова на едно место, во земја која ретко се споменува на светските листи, а во овој случај го држи првото место.