[ФОТО] Помлад, успешен и ја гледа како маѓепсан: Никол Кидман повторно вљубена по болниот развод?

Точка

26/07/2026

09:58

561

Големина на фонт

а а а

Неколку месеци откако и официјално го заврши бракот со музичарот Кит Урбан, австралиската филмска ѕвезда Никол Кидман (59) повторно се најде во центарот на вниманието поради својот приватен живот.

Имено славната актерка била фотографирана во Портофино во друштво на американскиот инвеститор Мајкл Рајнштајн, што веднаш ги поттикна шпекулациите дека е на повидок нова романса.

Како што пренесе Пејџ Сикс добитничката на Оскар и 55-годишниот бизнисмен заедно престојувале во луксузен хотел во Портофино, а папараците ги фотографирале додека се одмарале покрај базенот и уживале во пијалак и летната атмосфера.

На фотографиите се гледа дека актерката била во одлично расположение, а во еден момент Рајнштајн разиграно ѝ го подигнал белиот шешир со кој си го покривала лицето. Иако ваквите сцени веднаш ги поттикнаа гласините за можна љубовна врска, ниту еден од нив сè уште не се огласил за нивниот однос и шпекулациите.


Повеќепати биле видени заедно 

Ова не е првпат Кидман и Рајнштајн да бидат забележани заедно за време на нивниот престој во Италија. Медиумите во претходните денови ги фотографираа и пред хотелскиот апартман на актерката, каде што разговарале, што дополнително го зголеми интересот на јавноста.

Кој е мажот во друштво на Никол Кидман?

Мајкл Рајнштајн е инвеститор од Лос Анџелес и основач на меѓународна компанија која се занимава со приватни инвестициски фондови, каде што ја извршува функцијата претседател и главен директор за инвестиции.


Се посвети на семејството и нов почеток

Според пишувањата на Дејли мејл, Никол во Италија допатувала со ќерките Сандеј и Фејт, кои ги доби во бракот со Кит Урбан. Извори блиски до актерката рекле дека по разводот таа целосно е посветена на семејството и личната среќа, додека се труди својот љубовен живот да го задржи подалеку од очите на јавноста.


Потсетуваме оскаровката поднесе барање за развод во септември 2025 година, а бракот со Кит Урбан официјално заврши во јануари 2026 година. Два месеци подоцна, таа првпат проговори за тешкиот период, истакнувајќи дека сака да продолжи понатаму и дека семејството останува нејзината најголема поддршка.