Александра Леклер го следи својот сопруг, возачот на Формула 1, Шарл Леклер, насекаде, а двојката сега е фотографирана во Унгарија.
Големата награда на Унгарија привлече многу познати имиња овој викенд, меѓу кои и возачот на Формула 1, Шарл Леклер, кој овојпат ја донесе и својата сопруга Александра Леклер со себе.
BABY LECLERC IS ON THE WAY 😭💗😭💗😭💗😭💗😭💗😭💗 pic.twitter.com/tinaZ1K5TK
— emma ¹ ⁸¹ ¹² 🐝 (@landoscarrera) July 24, 2026
Тие одеа заедно по патеката, а неуморните фотографи не го пропуштија ниту стомакот на Александра, кој е јасно видлив, па сега сите шпекулираат дали оваа убавица е бремена.
За оваа пригода, познатата инфлуенсерка избра сино-бел долг фустан со шлиц на задниот дел, а го надополни со сандали со многу ниска потпетица. Таа повторно воодушеви со своето модно издание, како кога се појави во Монако.

Како и обично, убавата Александра изгледаше совршено и сосема е јасно зошто сè повеќе ја опишуваат како една од најубавите инфлуенсерки и некој што ги одредува модните трендови. И покрај сето тоа, нејзиниот стомак беше во центарот на вниманието.
Како што пишуваат на социјалните мрежи, речиси е сигурно дека Александра е бремена, иако сè уште нема официјални информации од овој пар.





