[ВИДЕО] Пожарот кај Мадрид сè уште беснее

Макфакс

26/07/2026

08:50

183

Големина на фонт

а а а

Голем шумски пожар во регионот на Мадрид продолжува да предизвикува проблеми и власти пријавуваат дека следните часови се клучни за ставање на пожарот под контрола, со големи напори за заштита на населбите.

Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на големиот шумски пожар кај Мадрид под контрола, соопштија шпанските власти.

„Ќе вложиме максимални напори за да ги заштитиме објектите, домовите и населените места во ова подрачје. На терен работиме непрекинато сите овие часови“, изјави Франсиско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид.

оворејќи од командниот центар во Навалкарнеро, тој нагласи дека активностите што ќе се спроведат во наредните часови ќе бидат пресудни за ставање на пожарот под контрола.