[ВИДЕО] Џошуа двапати паѓаше на земја, па му испорача брутален нокаут на Албанецот Пренга

Дерби

26/07/2026

08:21

1.923

Големина на фонт

а а а

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со нокаут во втората рунда на борбата во тешка категорија која се одржа во Џеда, настан кој значеше емотивно враќање за Британецот во боксерскиот ринг.

Џошуа ги облече ракавиците и се врати во рингот за првпат после трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа двајца негови пријатели од тимот, па иако важеше за апсолутен фаворит во дуелот со Албанецот Пренга, борбата започна на шокантен начин.

Пренга го здрма Џошуа во првите 20 секунди и го натера да падне на подот, а во продолжение од првата рунда, Британецот уште еднаш беше раздрман и заврши во јажињата.

Двата нокдауни во воведната рунда го натераа Џошуа целосно да го сврти текот на настаните, па откако се созема, поранешниот шампион влезе во серија удари и испорача брутален нокаут во втората рунда.

Со овој триумф во Саудиска Арабија, Џошуа стигна до 30-та победа во својата професионална кариера, по што отворен е патот за долгоочекуваниот двобој меѓу Антони и Тајсн Фјури кој се очекува да се одржи до крајот на оваа година.