[ВИДЕО] Илоски со елегантен финиш го реши соочувањето со Мусовски и Сиетл во МЛС

Дерби

26/07/2026

10:48

209

Големина на фонт

а а а

Милан Илоски повторно беше клучен играч за Филаделфија, екипа која стигна до победа во МЛС против Сиетл.

Напаѓачот со македонско потекло го постигна единствениот гол со атрактивна завршница, а натпреварот заврши со минимални 1:0 и пораз на Сиетл, во чии редови Дени Мусовски влезе во игра во финишот на натпреварот.

Клучниот момент се случи во 31. минута, кога Илоски ја искористи одличната асистенција на Вестфилд и го совлада гостинскиот голман, а Сиетл до крајот не најде начин да израмни.

Илоски е стрелец на петти натпревар по ред, а Филаделфија првпат сезонава врза две победи, со кои го поправи впечатокот, но се уште е на дното на источната конференција во МЛС. Фудбалерот со македонски корени сезонава има 9 голови, од кои 7 ги постигна на последните пет натпревари.