Џорџина и Кристијано Роналдо со „жешко“ видео од базен ги разбеснија фановите: „Сега пливај во своите солзи“

Точка

25/07/2026

13:15

774

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез уживаат во слободните денови по завршувањето на Светското првенство, иако Португалија беше елиминирана порано од очекуваното.

Изминатиот период накратко го одбележаа солзите на Кристијано Роналдо по елиминацијата на неговата репрезентација од Мундијалот. Набргу потоа и Џорџина Родригез му даде поддршка на саканиот, а сега веќе им се вратија на старите обврски и уживање.


Познато е дека колку и да сака контроверзната Џорџина да им се допадне на сите, не може да го направи тоа, но се чини дека не се грижи премногу за сите негативни коментари кои можат да бидат доста груби.

На една од последните снимки се гледаат Џорџина и Роналдо како уживаат во базенот додека камерата ги снима под вода.

Освен што врвната форма на Кристијано Роналдо е повеќе од очигледна, имаше и пофалби за појавувањето на Џорџина во бикини. Иако, повторно нивното заедничко соопштение стана погодна почва за грди реакции.


„Ова е подобро од финалето на Светското првенство“, „Совршен пар“, „Пливај како сирена“, „Никогаш не го изгуби финалето на Светското првенство затоа што дури и не го играше“, „Пливај во солзи“, беа само дел од коментарите на лутите навивачи.