Лажно се претставиле како полицајци и сакале да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, сосетката ги спречила

Макфакс

24/07/2026

15:50

144

Големина на фонт

а а а

Во Штип, две лица беа пријавени за лажно претставување како полицајци и обид за влез во домот на 85-годишна жена, при што нивната намера беше спречена од сусетката. По ова, обвинетите се лишени од слобода.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од село Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

„На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полицаиски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле пронајдени и лишени од слобода“, соопшти полицијата.