Запалил оган во својот двор, но предизвикал пожар кај соседите, уапсен 70-годишник

Макфакс

24/07/2026

17:10

160

Големина на фонт

а а а

Во селото Ињево, радовишко, 70-годишен човек предизвика пожар во својот двор кој се прошири и кај соседите, по што беше уапсен од полицијата. Пожарот беше изгаснат и нема повредени лица.

Во селото Ињево, радовишко, полицијата вчера го упасил 70-годишниот Н.С., жител на селото оти вчераутро запалил оган во двор и тој се проширил кај соседите.

„Според пријавеното, тој околу 10:30 часот во неговото дворно место запалил отпад и предизвикал пожар кој се проширил и во дворното место на соседната куќа, сопственост на М.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“ соопшти полицијата.

70-годишникот е задржан во полиција, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.