Во Скопје, жена пријавила агресивно однесување од доставувач на мотоцикл кој се обидел да ја отвори нејзината возачка врата и потоа ѝ го оштетил возилото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Нападната скопјанка
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(26) од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Центар, додека се движела со нејзиното возило едно лице кое управувало мотоцикл за вршење на достава ѝ се доближило и агресивно се однесувало кон неа.
Потоа лицето почнало да ја следи.
Откако застанала на семафор се обидел да ја отвори возачката врата, но откако не успеал ѝ го оштетил возилото.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







