Винисиус направи естетски зафат на лицето и ги шокираше фановите со новиот изглед

Дерби

21/07/2026

11:09

591

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор не се прослави на Светското првенство и доста рано мораше да се помири со елиминација, а како една од најголемите ѕвезди во тимот, мораше да трпи и критики во јавноста.

Легендарните Роналдо и Ромарио не го поштедија Винисиус за лошиот турнир, а сега во средина на лето кога се очекува негово враќање во Мадрид, пристигна вест која доста ги изненади фудбалските фанови.

Имено, Вини го искористил летниот одмор за да направи и една естетска корекција, и тоа на дел од телото кој целосно му го менува личниот опис.

Напаѓачот на Реал Мадрид решил да направи корекција во пределот на брадата, односно направи таканаречена „хармонизација на лицето“.

Оваа корекција во естетската медицина се користи за да се даде сосема поинаков изглед на вилицата, но мора да се признае дека Вини во прв момент изгледа навистина изгледа чудно и ќе треба да помине малку време за фановите да се навикнат на новата реалност.