Шпанија е нов светски шампион, титула до која стигна со доминатна игра, настап и натпревари на кои прими само еден гол и оној од Белгија во четвртфиналната рунда.
Ова е нова шампионска генерација на „црвената фурија“ по онаа во 2010 година, генерација која ќе остане запамтена во историјата, генерација која има можност да испишува и нови страници со оглед на возраста на играчите.
Сега кога веќе зад нас е 23. мундијал, „Скавка“ го издвои најдобриот тим, идеалната единаесетка во формација 4-3-3 во која очекувано Шпанците се најмногу застапени со пет играчи, комплетната одбрана, плус капитенот Родри.








