„Гаучосите“ се покажаа како лоши губитници: Им свртеа грб на новите светски шампиони

Дерби

20/07/2026

14:42

783

Големина на фонт

а а а

Аргентинските фудбалери почуствуваа како е да се биде на другиот дел од страната во едно финале на Светско првенство, а горчливото искуство по вторпат во својата кариера го доживеа долгогодишниот капитен на „гаучосите“, Лионел Меси.

Четири години по освоената титула во Катар, Аргентина вчера загуби во финалето во Њу Џерси, но по последниот судиски свиреж на Славко Винчиќ, видовме и сцени кои не доликуваат на една мундијалска завршница.

Нахуел Молина му удри тупаница во пределот на стомакот на Родри, Леандро Паредес се „исклучи“ и ги патосираше Гарсија и Гави, а сега се појави и видео на кое се гледа дека главата ја загубил и помошникот на Лионел Скалони.

Роберто Ајала му удрил „воспитна“ на Дани Олмо по крајот на натпреварот, но според цела шпанската јавност, најлошата слика пристигнала по доделените медали за второ место.

Наместо да почекаат и да ги поздрават новите светски шампиони, Аргентинците ги примија медалите и им свртеа грб на Шпанците, фокусирајќи се на толпата аргентински фанови кои беа на трибините.

За да биде уште полоша сликата за „гаучосите“, Шпанците претходно режираа шпалир и ги поздравија вицешампионите на патот до сребрените медали, па јавноста на Пиринеите дефинитивно стави посебен фокус и на оваа неспортска сцена за која се погрижија Аргентинците.