Неочекуваниот херој на Шпанија: Бев силно критикуван, но судбината имаше скроено план за мене

Дерби

20/07/2026

10:44

329

Големина на фонт

а а а

Феран Торес не постигна ниту еден гол на Светското првенство до големото финале и добиваше мала минутажа од селекторот Луис де ла Фуенте, па иако во една фаза од турнирот беше и најкритикуван шпански фудбалер, на крајот момчето кое потекнува од Валенсија се претвори во вистински јунак на цела нација.

47 милиони Шпанци со огромно задоволство се израдуваа на голот вреден втора светска титула за „црвената фурија“, а бидејќи Торес се претвори во „втор Иниеста“ за цела нација, јасно е дека во иднина ќе добива далеку поголема почит.

Торес мајсторски изреагира по додавањето од Ињаки Вилијамс и со полуволеј го матираше Мартинез на стартот на второто продолжение, па иако ова му го донесе статусот на играч на натпреварот, тој со МВП трофејот во своите раце нагласи дека постигнатиот гол е заслуга на цела нација.

– Голот им припаѓа на 47 милиони Шпанци кои се радуваат во овој момент, а не само на мене. Судбината беше напишана, беше судено да победиме во ова финале. Сите финалиња се тешки, а уште потешко кога го имате Меси во противничкиот тим. Секогаш се јавува нервоза со такви ривали, но ние мислевме само на себе и покажавме за што сме способни.

– Чувствуавам големо олеснување за постигнатиот гол. Бев силно критикуван во текот на Светското првенство, но судбината имаше скроено план за мене, првиот и единствен гол го постигнав во финалето. Благодарен сум му на Бог, тој секогаш ми дава сила да продолжам. Бог им дава вакви работи на оние кои заслужуваат, – изјави Торес.