Се менува фудбалската традиција: ФИФА вметна уште едно американско обележје за големото финале на СП

Дерби

17/07/2026

14:11

409

Големина на фонт

а а а

ФИФА направи многу остапки за да го задоволи домаќинот на Светското првенство во изминатите пет недели, а пред завршниот чин кој е закажан за Њу Џерси, се пренесува уште една вест која ги разочарува фудбалските фанови кои се држат до традицијата на овој спорт.

Покрај тоа што ќе има 30-минутна пауза меѓу полувремињата поради музичко шоу во стилот на „Супербоул“, домаќинот на мундијалот имплементира уште едно американско обележје за големото финале, и тоа со дозвола на ФИФА.

За првпат во историјата на Светските првенства, победниците на финалниот меч ќе добијат златни прстени за освоеното прво место, идентично како што е случај со шампионите во НБА лигата.

Американизирањето на најважната споредна работа во светот дефинитивно ја менува мундијалската традиција која се негува повеќе од девет децении, а тоа предизвикува и огромно разочарување кај искрените љубители на играта.

Покрај двата големи новитети за финалето, ФИФА имплементираше и голем број нови фудбалски правила пред стартот на турнирот, а значително се искомерцијализира спортот и со задолжителната пауза за хидратација од три минути во секое од полувремињата, нешто што воопшто не им се допадна и на голем број фудбалски ѕвезди кои беа дел од Светското првенство.