Роналдо Назарио привлече доста внимание со коментарите кои ги даде од САД поврзани за Светското првенство кое се ближи до својата завршница, па иако сега главен фокус е големото финале меѓу Аргентина и Шпанија, славниот бразилски голгетер се осврна на фудбалерот кој носи исто презиме како неговото.
Кристијано Роналдо остана без толку посакуваната титула на светските првенства и го заврши шестиот мундијал во кариерата без позначаен успех, а во период кога доби и доста критики за изданијата кои ги имаше во САД, доста експерти излегоа со поделени мислења за формата на голгетерот.
Иако ја брка бројата од 1000 постигнати голови во лига како онаа во Саудиска Арабија, Роналдо Назарио вели дека е сосема друго да се игра фудбал на највисока можна сцена како Светско првенство, па затоа му порача на сонародникот да си го слуша телото и да се повлече од репрезентацијата.
– Воглавно, телото секогаш ви испраќа сигнали, ви кажува кога е време за крај. Мислам дека Кристијано Роналдо и Нејмар дојдоа до одредна точка од која нема враќање назад со нивните тела.
– Борбата против сопственото тело е најташка. Можеби Роналдо сè уште има квалитет да игра во Саудиска Арабија, но да играш на Светско првенство е нешто друго. Сфаќаш дека тоа е многу потешко, нивото е далеку повисоко. Без оглед на страста и љубовта кон фудбалот, на крајот телото е тоа кое треба да го слушате и да објавите крај, – изјави Назарио.







