[ФОТО] „Honda“ покажа како мал електричен автомобил може да понуди големо уживање во возењето

Точка

16/07/2026

12:55

516

Големина на фонт

а а а

Само 64 коњски сили, но едно копче менува сè – новата „Honda“ изненади со своите перформанси.

„Honda“ на традиционалниот „Goodwood Festival of Speed“ во Англија го претстави новиот електричен модел „Super EV“, мал градски автомобил инспириран од јапонските „kei“ возила, но со јасен фокус на уживањето во возењето.

Со должина од само 3,6 метри и маса помала од 1,1 тон, „Super EV“ го придвижува електромотор со 64 коњски сили.


Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, па автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за околу 8,8 секунди.

„Honda“ во автомобилот вгради и неколку интересни решенија, меѓу кои симулација на менување брзини преку рачките зад воланот, како и вештачки звук на моторот, кој дополнително го засилува спортското чувство при возење.


Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека „Super EV“ е еден од најзабавните мали електрични автомобили што ги возел досега.

Кога станува збор за практичноста, „Super EV“ користи батерија со капацитет од 30 kWh, која според „WLTP“ стандардот обезбедува досег до 206 километри.


Максималната моќност на брзото DC полнење изнесува 50 kW, па автомобилот првенствено е наменет за градско возење.

Багажниот простор има капацитет од 210 литри.


Продажбата веќе започна во Велика Британија, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот на пристигнување на останатите европски пазари засега не е познат.