Реакцијата на Скалони по голот вреден второ финале во низа: Ние сме уникат

Дерби

16/07/2026

12:59

237

Големина на фонт

а а а

Лионел Скалони е доста емотивна личност и доста често не знае да ги крие солзите крај клупата за резерви, па иако му беше доста тешко, успеа во намерата да се воздржи по новиот голем потфат на неговата Аргентина.

„Гаучосите“ беа пред пораз во полуфиналето со Англија и до доцната фаза од мечот губеа со 1:0, но Аргентинците покажаа шампионски карактер по којзнае кој пат на овој мундијал и успеаја да постигнат два гола за пресврт во завршницата.

Оној на Лаутаро Мартинез предизвика ерупција од радост кај цела армија аргентински навивачи во Атланта, меѓутоа додека сите лудуваа, Скалони остана доволно смирен.

Аргентинскиот селектор беше на раб на солзи, но мирно и достоинствено изреагира на голот вреден второ финале во низа, по што даде и специјална изјава за големиот потфат.

– Овој тим ме остава без зборови, па оттаму и мојата реакција за вториот гол. Ова е огромна радост за нашата земја и нашиот народ. Оваа група на играчи не престанува да ме изненадува. Кога изгледа дека се готови, едноставно одбиваат да се предадат.

– Ние сме уникатни, ова што го велам не е ароганција, го кажувам од срце. Во фудбалот се се сведува на срце. Ако имате срце за победа, на крајот ќе стигнете до тоа. Ние го имаме тоа во изобилие кај сите наши играчи, – изјави Скалони.