Трамп се прости од сенаторот Линдзи Греaм: „Ќе ни недостига многу“

Макфакс

12/07/2026

11:30

185

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се прости од сенаторот Линдзи Греaм по неговата смрт на 71-годишна возраст. Греaм беше препознатлив републикански политичар и сојузник на Трамп, кој почина по кратко и ненадејно заболување.

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по повод смртта на долгогодишниот сенатор Линдзи Греaм, кој почина во саботата вечер на 71-годишна возраст.

Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ го опиша Греaм како еден од најголемите луѓе и сенатори што ги познавал.

„Сенаторот Линдзи Греaм, еден од најголемите луѓе и сенатори што некогаш сум ги познавал, почина. Секогаш работеше и беше вистински американски патриот. Линдзи многу ќе ни недостига. Толку е тажно“, напиша Трамп.

Почина по кратко и ненадејно заболување

Канцеларијата на сенаторот соопшти дека Греaм починал во саботата вечер по кратко и ненадејно заболување.

„Семејството на сенаторот Греaм им се заблагодарува на сите за молитвите во овој момент и бара приватност во овој исклучително тежок период“, се наведува во соопштението.

Американските медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека причината за смртта бил срцев удар.

Републиканец со повеќедецениска политичка кариера

Линдзи Греaм беше републикански сенатор од Јужна Каролина и еден од најпознатите сојузници на Доналд Трамп во Сенатот.

Во американската политика беше активен повеќе децении, а беше познат по своите позиции во областа на националната безбедност, надворешната политика и одбраната.