Пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување отстрани неексплодирана артилериска граната од 13,6 кг на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна и е наменета за хаубица М14, а вакви средства често се пронаоѓаат во неколку региони во земјата.
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 кг, на брегот на Дојранското Езеро.

Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица" М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.







