Ибра го „сецна“ Клоп додека правеше анализа за СП, па двајцата си поделија комплименти

Дерби

10/07/2026

16:24

281

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп е во исчекување на клучните преговори за преземање на германската фудбалска репрезентација, но пред да се случи тоа, искусниот стручњак педантно и професионално си ги извршува задачите кои ги има на актуелното Светско првенство.

Како фудбалски експерт за „Магента ТВ“, Клоп од стартот на турнирот прави стручни анализи за се она што се случува на мундијалот, па истото важи и за четвртфиналната фаза.

Клоп вчера беше крај теренот кога Франција го победи Мароко со 2:0, но сега се појави и интересно видео од анализата која ја правел пред натпреварот.

Додека стоел пред стадионот во Бостон, Германецот бил „сецнат“ и изненаден од Златан Ибрахимовиќ, кој инаку извршува слични задачи како Јирген за „Фокс Спортс“.

– Германска машина, најдобриот, – му порача Ибра на Клоп, а овој возврати со идентичен тон и посочи дека Златан е најдобриот.