Анри влезе во француската соблекувална по мечот со Мароко и порача: Посебно ме импресионира една работа

Дерби

10/07/2026

11:41

334

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри има обврски како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“ на ова Светско првенство, но блискоста со големите ѕвезди и авторитетот му овозможуваат да има и силна конекција со луѓето кои се задолжени за логистика на француската репрезентација.

Тити ја бодри Франција на секој одигран натпревар на мундијалот и од рунда во рунда има поголема самодоверба дека тимот може да оди до самиот крај, а вчера по средбата со Мароко, славниот напаѓач ги изненадил француските ѕвезди во соблекувалната.

Анри добил дозвола од Дешамп да ги изненади фудбалерите и лично им честитал за извонредната партија против Мароко, тим кој изгледаше сосема немоќно во дуелот со „триколорите“.

За Тити, тоа не е никакво изненадување, особено поради напорната работа и пожртвуваноста со која работат избраниците на Дидие кога ја немаат топката во своите нозе.

– Искрено момци, не знам што поточно да кажам. Со топката во нозе сме извонредни како и секогаш, но мене посебно ме импресионираше една работа. Најмногу ме импресионира квалитетот на овој тим да ја врати топката во свој посед. Тоа што го прави тимот кога ја нема топката во своите нозе е нешто што посебно ме импресионира. Тоа е навистина извонредно, – изјави Анри.