Јамал за асот кој сака да го види како соиграч: Топ фудбалер, одлично се вклопува во стилот на Барселона

Дерби

10/07/2026

07:49

387

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал се подготвува за мечот со Белгија каде посакува одличен настап со кој ќе и помогне на Шпанија да дојде до посакуваната цел, пласман во полуфиналето на Светското првенство.

Меѓутоа и покрај тоа што репрезентацијата е во прв план, тој добива и прашања за клупската сцена, Барселона и напаѓачот уште еднаш отворено посочи дека сака да го види Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“.

-Сите знаат дека тој е топ играч, тип на играч кого сите го посакуваат. Веќе го кажав тоа: отворени сме да го пречекаме и ако дојде, сите ќе бидеме многу среќни. Мислам дека одлично се вклопува во стилот на Барса. Немам поим каква е ситуацијата, но се надевам, -порача десетката на каталонците.

Барса во Алварес гледа идеална замена за Роберт Левандовски, ама досега Атлетико испраќаше јасни пораки дека не планира да го продаде.