[ВИДЕО] Мбапе диригираше, Франција обезбеди билет за полуфиналето на СП

Дерби

10/07/2026

07:11

464

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Франција е прв патник во полуфиналето на 23. Светско првенство и тоа откако вечерва ја потврди фаворитската улога во соочувањето со Мароко.

„Триколорите“ беа далеку подобар, поконкретен ривал на вечерашното соочување и обезбедија идентична победа како пред четири години со таа разлика што тогаш тоа се случи во полуфиналната рунда.

Мбапе не реализираше пенал во првото полувреме, но ѕвездата на Реал Мадрид проработи во вториот дел во кој прво со мајсторски удар го отвори резултатот во 60 минута, а потоа и забележа асистенција при погодокот на Дембеле во 66 минута.

Избраниците на Дешамп сега мирно можат да го проследат утрешниот меч меѓу Шпанија и Белгија од каде ќе дојде нивниот нареден ривал.