„Тајната операција“ излезе на виделина: Ханси Флик ќе добие посакувано засилување од Борусија Дортмунд

Дерби

09/07/2026

11:35

170

Големина на фонт

а а а

Барселона тргна доста амбициозно на трансфер пазарот и издвои 80 милиони евра за Антони Гордон, но во скоро време, многу веројатно ќе го потврди и второто летно засилување во играч кој покрива крилни позиции.

По лично барање на Ханси Флик, Барселона водела „тајна операција“ и преговори за повремениот германски репрезентативец Карим Адејеми, фудбалер кој целосно се совпаѓа на филозофијата на тренерот на Барса, но и на самата игра на каталонскиот гигант.

Како што јавуваат неколку угледни извори од Шпанија како „Спорт“ и „Марка“, спортскиот директор Деко и тренерот Флик успеае да ги одржат преговорите во тајност долго време, но бидејќи веќе станува збор за завршна фаза од контактите меѓу двата клуба, веста полека но сигурно се прошири на Пиринеите.

Според информациите, Адејеми дал зелено светло за реализирање на зделката и со добри очи гледа промена на средината, особено ако се знае дека договорот со Борусија му истекува наредното лето.

Ова е добар аргумент и за Барселона, бидејќи поради краткотрајниот рок на важечкиот договор, не се очекува да исплати повеќе од 20 или 25 милиони евра за неговиот трансфер.

Најавениот ангажман на Адејеми по се изгледа уште толку ќе ги затвори приодите за Маркус Рашфорд, играч за кој Барселона одби да плати 30 милиони евра.