Феликс му се поклони на Ѓоковиќ, но има и за што да жали: Еден поен го одлучи победникот

Дерби

09/07/2026

11:15

209

Големина на фонт

а а а

Феликс Оже Алијасим го одигра најдолгиот меч во својата кариера и сигурно долго ќе го памети тоа, бидејќи Канаѓанецот понуди импресивна борба против седумкратниот шампион Новак Ѓоковиќ на централниот терен на Вимблдон.

14 години помладиот Феликс даде се од себе за да го урне неуништливиот Ноле, но на крајот потклекна во супер тајбрејкот и не можеше да се носи со притисокот, но и извонредно цврстиот противник.

Ѓоковиќ беше непопустлив во клучните моменти и го доби супер тајбрејкот со 10:4, а Оже Алијасим по мечот заклучи дека својата најголема шанса ја испуштил во деветтиот гејм од петтиот сет, кога имаше 0:30 и обид со бекхенд паралела за директен поен.

– Ќе се обидам да бидам краток, за мене ова беше неверојатно искуство против легендата на нашиот спорт. Јасно ми е дека е тешко да се поднесе ваков пораз, сум имал доста вакви мечеви во пет сета, а голем дел не одат на моја страна. Мора да го анализирам тоа и да видам како да го променам. Горд сум на борбата која ја понудив, но на крајот, одново се покажа тоа што сите го знаеме.

– Ѓоковиќ е најдобар кога треба да биде. Неговиот стил на игра е поцврст од мојот, особено кога е најважно. Неговиот стил на игра е поконстантен и едноставно е поцврст. Импресивни се бројките кои ги има зад себе, сите го знаеме тоа, но повторно не потсетува од време на време. Квалитетот на сервисот му е неверојатен, ритерните….. Сите го знаеме тоа, но толку долго го повторува истото и тоа навистина е импресивно, – изјави Феликс и заклучи.

– Можеби жалам за еден поен, но на крајот победува оној кој повеќе ризикува. Се обидов да одиграм паметно, имав 4:4 и 0:30 на негов сервис и добив шанса за бекхенд паралела. За жал промашив за малку, тоа беше мојата шанса. Тој поен можеше да го однесе мечот во друг правец, но тоа е што е, – изјави Феликс.