Европскиот шампион Шпанија продолжува во четвртфиналето без примен гол во досегашниот тек на турнирот и дефанзивната стабилност прави „фуријата“ да биде етикетирана како една од трите најголавни фаворити за титулата, без оглед на тоа што дел од најголемите ѕвезди се уште не играат на највисоко ниво на овој мундијал.
Педри дефинитивно не ги прикажува партиите од Барселона во досегашниот тек на Светското првенство и фановите се надеваат дека најдоброто го чува за самата завршница, па откако доби и доста критики по средбата со Португалија, самиот играч за врска е свесен дека не се прикажа на потребното ниво.
– Знам дека сум важен играч за тимот и знам дека не бев најдобар на последниот натпревар. Немав добар меч и знам дека морам да се подобрам и да бидам многу поодлучен во клучни моменти. Добра шанса во фудбалот е што многу брзо ви нуди нова шанса.
– Знам дека добив критиките, но свесен сум за моите партии. Знам кога играм добро и знам кога играм лошо, никој не треба да ми каже дека бев лош.
– Натпреварот против Португалија не беше еден од најдобрите во мојата кариера, знам да бидам самокритичен и сигурен сум дека на следниот меч ќе бидам далеку подобар, – изјави Педри во најавата за четвртфиналето со Белгија.







